Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фил Фоден и Мејсон Гринвуд ја разочараа англиската јавност откако донесоа девојки на дружење во хотелот на Исланд, а тоа беше строго забрането. Англија играше против Исланд во рамки на Лигата на нации, а на младите момчиња очигледно им било здодевно по мечот, па сакале забава.
Тие дознаел дека има девојки кои сакаат да се дружат и им се јавиле. Набрзо во хотелот се појавиле две убавици, иако сакале четири девојки.
Двајцата фудбалери се зафатени, односно Фоден има и дете, па ова е огромен скандал во Англија, а селекторот Герет Саутгејт им порача дека ќе мора да се потрудат многу за да ја заработат неговата доверба повторно.
„Се запознавме преку интернет. Разменивме пораки со мејсон неколку дена пред да стигнат тука. Знаеја дека мораат во карантин, но заклучивме дека тие се на Исланд, беа тестирани и дека ќе биде во ред ако се дружиме“, кажа една од девојките.
Footage of Mason Greenwood and Phil Foden in the hotel in Iceland. pic.twitter.com/AamTEissem
— CrypticTrey.?️ (@Marti9al) September 7, 2020