Барселона има нова „седумка“, официјално ја претстави Кевин Дурант


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако како што стојат работите, Фелипе Кутињо ќе остане во редовите на Барселона, тој нема да ја носи неговата „седумка“ од следната сезона.

Дресот со број седум овој пат ќе му припадне на Антоан Гризман кој минатата сезона го носеше дресот со број 17.

Презентацијата на новата „седумка“ во Барселона му припадна на Кевин Дурант кој има одлични релации со каталонскиот тим.

Се уште не е познато кој број ќе го носи Фелипе Кутињо во новата сезона во дресот на каталонскиот гигант.