Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ беше навистина лут поради тоа што одредени лица во Италија го обвинија дека коронавирусот го добил на одмор непочитувајќи ги правилата за превенција.
Во интервју за „Газета дело Спорт“, српскиот стратег жестоко ги нападна сите оние кои го обвинија дека коронавирусот го добил бидејќи не внимавал.
„Големиот Енцо Ферари еднаш рекол дека Италијаните простуваат се освен успехот, а јас додавам и среќата. Многу љубомора и безобразие околу нас. Како ги викаат по социјалните мрежи? Хејтери? Јас ги викам гомнари.
Бев на одмор во Сардинија како и секое лето. На островот тогаш немаше вирус, ниту еден не беше заразен. Два месеци не си го видов семејството, бев да ги прегрнам. Ги почитував сите мерки за заштита.
Откако се вративме сите заедно се тестиравме. Други го вперуваат прстот во мене, но не се тестирани. Можеби и тие се позитивни, но не знаат. Не направив ништо против правилата, јас сум овде жртва. Се тестирав, бев позитивен, заминав во карантин и ја прележав болеста.
Секогаш виновен е волкот, тоа им одговара на овците. Накратко вие сте гомнари, нанесувате болка на моето семејство, оставете го на мира“ –изјави лутиот Михајловиќ.