Барселона вечерва игра пријателски меч и уште сега се знае кого Куман отпиша од тимот?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новата сезона во шпанската Ла Лига почнува денеска, но Барселона, Реал Мадрид и Севилја ќе излезат на теренот дури во третото коло, до кога имаат продолжен одмор поради обврските во европските натпреварувања.

Каталонците вечерва играат пријателски меч против Химнастик и тоа ќе му биде прв натпревар на Роналд Куман на клупата на Барселона.

Каталонските медиуми пишуваат дека Куман го отпишал Луис Суарез кој нема да биде во конкуренција за денешниот натпревар. Наводно, тренерот му кажал на Уругваецот дека нема да добие шанса, а истото нешто важи и за Артуро Видал.

Овие двајца веќе преговараат со нови тимови, па наскоро би можеле да заминат од Барселона.