Арсенал со убедлива победа ја започна авантурата во Премиер лигата


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Екипата на Арсенал славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето на „Кревин Котиџ“ кај Фулам.

„Топчиите“ го диктираа темпото на целиот натпревар, со исклучок на воведените минути кога Фулам имаше две прилики да ја затресе мрежата на Бернд Лено.

Одличен ден имаа новите засилувања на Арсенал, Вилијан и Габриел Махагалеш кои беа креатори на погодоците.

Вилијан беше асистент на сите три гола, додека еден од нив беше постигнат токму од стоперот Габриел. Останатите два ги постигнаа Александре Лаказет и Пјер Емерик Обамејанг.