Нејмар го удри играчот на Марсеј, а потоа му удри шлаканица со обвинување: „Нема казна за расизам“?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гледавме неверојатен натпревар синоќа во Париз каде играа ПСЖ и Марсеј.

Марсеј успеа да слави со минимални 1:0 против лутиот ривал, но натпреварот беше обележан со неверојатни искри на теренот уште од самиот почеток, и тепачка меѓу играчите на крајот на овој фантастичен натпревар.

Имено, сè започна кога Паредес го фаулираше Бенедето, а потоа настана хаос. Курзава и Амави се степаа, додека Нејмар го погоди Лопез. Судијата потоа им покажа пет црвени картони на Паредес, Нејмар, Курзава, Бенедето и Амави.

Нејмар доби црвен картон кога судијата гледаше ВАР снимка, и виде што направи. Но, Бразилецот не можеше да се помири со таа одлука.

Додека го напушташе теренот, Нејмар реши да му се обрати на четвртиот судија и да го праша зошто играчот на Марсеј не доби црвен картон затоа што, според Нејмар, бил навреден од расна основа.