Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг и дефинитивно ќе остане во клубот откако денеска потпиша нов тригодишен договор.
Обамејанг кој е капитен на Арсенал се поврзуваше со заминување од Северен Лондон, но челниците на клубот по доаѓањето на Микел Артета му понудија нов договор кој играчот на крај го прифати.
„Продолжувањето со овој специјален клуб никогаш не беше доведено во прашање. Ова е благодарност до фановите, моите соиграчи, моето семејство и сите во овој клуб. Верувам во Арсенал, можеме да постигнеме многу големи работи заедно“ –изјави Обамејанг.