Наумче Мојсовски ќе биде директор на Агенцијата за млади и спорт?


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Поранешниот македонски ракометар Наумче Мојсовски највеојатно ќе го наследи Дарко Каевски на позицијата директор за Агенцијата за млади и спорт, како што објавија дел од македонските медиуми

Мојсовски доаѓа на оваа функција откако Каевски стана пратеник и не може да извршува две функции во исто време.

Мојсовски во својата кариера настапуваше во Лехвија, Металург, Вардар, Риоха, Пелистер, Југ и Струга, додека крај на кариерата стави во 2016 година.

За репрезентацијата на Македонија запиша повеќе од 100 настапи.