Јовиќ не доби шанса кај Зидан, па ќе си ја бара среќата во Италија?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Лука Јовиќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на одреден период, зашто тренерот Зинедин Зидан не смета на неговите услуги, а тоа го покажа и на вчерашниот меч против Реал Сосиедад (0-0).

„Калчомеркато“ пишува дека српскиот напаѓач, кој беше платен 60 милиони евра, ќе се пресели во Рома, која останува без Един Џеко.

Јовиќ досега се поврзуваше со неколку италијански клубови, како што се Милан, Интер и Наполи, но се шпекулираше и за враќање во Германија, иако такво нешто изгледа нереално во моментов.