Арсенал го официјализираше трансферот на нвиот голман

Од редовите на Арсенал го официјализираа трансферот на голманот Алекс Рунарсон кој во клубот пристигнува од редовите на Дижон.

25 годишниот голман пристигна во Арсенал како замена за Емилијано Мартинез и ќе делува како резервна опција на Бернд Лено.

Рунарсон со клубот од Северен Лондон потпиша четиригодишен договор кој ќе му истече во јуни 2024 година.

„Многу сум среќен и неверојатно горд, ова е голем ден за мене и за моето семејство. Со нетрпение очекувам да започнам во Арсенал“ –изјави Рунарсон.