Спортскиот директор на Дортмунд уште еднаш ја затвори вратата за Јунајтед: Санчо е наш играч и ќе остане…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се уште притиска за ангажман на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и веројатно тоа ќе го прави до самиот крај на преодниот рок.

Сепак, Санчо  како што стојат работите по никоја цена сега нема да може да си оди од клубот затоа што без него Борусија ќе биде многу ослабена, а „милионерите“ нема да имаат време да пронајдат адекватна замена за него.

Останување на Санчо на „Сигнал Идуна Парк“ уште еднаш најави спортскиот директор на „милионерите“, Себастијан Кел.

„Тој е наш играч и тој ќе остане. За ова имаше и соопштение од клубот. Без Џејон овој клуб е многу послаб“- изјави Кел.