Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа фудбалерите на Милан ја совладаа Болоња на домашен терен со 2:0 во мечот од првото коло во Серија А.
Росоњерите со победа успеаја да ја отворат новата сезона во Серија А, а Златан Ибрахимовиќ повторно блескаше на Сан Сируо.
Шведскиот напаѓач ги постигна двата гола на синоќешниот натпревар и покажа дека има уште многу што да покаже на теренот, иако наскоро ќе го прослави својот 39-ти роденден.
Ибрахимовиќ по натпреварот објави одлична фотографија на Инстаграм со краток, но јасен опис: „Бенџамин Батон“. Станува збор за филмски лик кој е роден како старец, а како одминуваше времето тој стануваше се помлад и јасно е што Ибра сака да каже со тоа.