Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Епидемијата на ковид-19 и финансиската криза удри и врз богатите клубови, а еден од нив е Реал Мадрид.
Шампионот реши да не купува никого летово, зашто голем дел од финансиите беа вложени во реконструкција на стадионот.
Во меѓувреме „кралевите“ заработија околу 100 милиони евра на продажба на фудбалери, а заштедија и многу пари на платите кои беа намалени.
Сепак, тоа не беше доволно, па мораа да помогнат и самите фудбалери. Секој играч на Реал се откажал од бонусите во вредност од милион евра за да му помогнат на тимот.
На таков начин „кралевите“ заштедиле 25 милиони евра и сега тимот е на добар пат за да се врати во стабилна финансиска состојба.