Ливерпул и со втор тим лесно помина кај Линколн и му даде седум гола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Ливерпул премногу лесно помина на гостувањето кај Линколн во рамките од третото коло од Карабао Купот.

Актуелниот англиски шампион и со резервен состав беше пресилен за тимот кој игра во третата лига во Англија совладувајќи го со убедливи 7:2.

Куртис Џонс и Такуми Минамино стрелаа по два пати, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Шаќири, Грујиќ и Ориги.

На овој натпревар своето деби за Ливерпул го имаше новото засилување на клубот Диого Жота кој доби шанса во последните моменти од средбата.

Во исто време играше и Манчестер Сити кој славеше победа против Борнмут. И „граѓаните“ играа со мешан состав, па до победата од 2:1 стигнаа со погодоците на Делап и Фоден.