Хави Мартинез го донесе пехарот од Суперкупот во витрините на Баерн Минхен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн го освоија трофејот во Суперкупот на Европа откако ја совладаа Севилја со 2:1 (1: 1) на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.

Баварците, актуелен европски шампион, го освоија Суперкупот по втор пат во историјата на клубот. Претходно истиот го освоија во 2013 година.

Германскиот тим до победа стигна по продолжението откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник, 1:1.

Интересно, погодокот вреден трофеј од Суперкупот го постигна Хави Мартинез за кого ова можеби беше и последниот натпревар во клубот пред враќањето во Атлетик Билбао.

Натпреварот изобилуваше со одлична игра и шанси на двете страни, па гледачите присутни на стадионот можеа задоволни да си заминат во своите домови.

Лукас Окампос го отвори резултатот, а на 1:1 израмни Леон Горецка. Точка на средбата стави Хави Мартинез.