Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот чувар на мрежата, Серхио Ромеро ќе си оди од редовите на Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок.
Голманот кој лани беше резерва на Давид Де Геа стана вишок во тимот по враќањето на Дин Хендерсон и до крајот на преодниот рок ќе реализира трансфер.
Интерес за него има од Евертон, а и самиот голман е заинтересиран да се пресели на „Гудисон Парк“.
Интересно е тоа што и во тимот на Евертон, Ромеро ќе биде резервен чувар на мрежата затоа што прв избор таму е репрезентативниот голман на Англија, Џордан Пикфорд.