Солскјер се пошегува со Мурињо и случката од Скопје: Добро што Жозе не е тука…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед славеше драматична победа на гостувањето на „Амекс“ кај тимот на Брајтон со 3:2.

Домашниот тим заслужи минимум бод,ако не и победа, но на крај со наведнати глави го напушти стадионот откако по судискиот свиреж беше досуден пенал, па на Бруно Фернандеш му беше дозволено да донесе победа за својот тим.

На овој натпревар играчите на Брајтон дури пет пати ја погодија рамката на голот на Манчестер Јунајтед.

По средбата, Солскјер се пошегува поради петте греди на Брајтон и го спомна Жозе Мурињо и случката од Скопје од пред два дена.

„Пред се треба да бидеме благодарни што Жозе не е тука да ги мери стативите, во спротивно ќе бевме во неволја“ –изјави Солскјер кој очигледно е запознаен со комичниот момент од Скопје.