Култната „шестка“ во Барселона има нов сопственик


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона во текот на денешниот ден ги објави и деталните информации поврзани со составот со кој клубот ќе ја започне сезоната.

Ден пред натпреварот против Вилјареал од Барселона објавија дека култниот дрес со број 6 од оваа година ќе оди во рацете на Карлес Алења кој е изданок на академијата на клубот.

Интересно, за Алења ова ќе биде петти нов број во првиот тим на Барселона откако претходно ги носеше броевите 28, 26, 21 и 19.

Сега ќе игра со бројот шест на грбот, дрес кој има голема тежина во Барселона затоа што во минатото го носеше легендарниот Чави Ернандез.