Лестер се запиша во историјата на англискиот фудбал со триумфот против Сити

Во рамки на третото коло од англиската Премиерлига, Лестер сити славеше на гостински терен против Манчестер сити со убедливи 5-2.

Одличната форма на „лисиците“ продолжи и во третото коло, во кое стигнаа до третиот триумф сезонава.

Од пет голови, три беа постигнати од пенал и така Лестер се запиша во историјата на англискиот фудбал бидејќи на никој не му успеало тоа претходно.

Двапати од пенал беше прецизен Џејми Варди, додека еднаш погоди Јури Тилеманс, а својата победничка серија да ја продолжат понатаму ќе имаат и во четвртото коло на домашен терен против Вест хем.

Од друга страна, избраниците на Пеп Гвардиола ќе имаат незгодно гостување кај Лидс на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.