Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона викендов на домашен терен го совладаа Вилјареал со 4:0, а босанскиот репрезентативец исто така дебитираше за каталонскиот клуб.
Пјаниќ летово пристигна во Барселона од Јувентус, а во неделата го имаше своето официјално деби во дресот на каталонскиот клуб. Босанскиот играч за врска пристигна како големо засилување на Камп Ноу и сигурно е дека од него се очекува многу во текот на сезоната.
Барселона лесно ја совлада Жолтата подморница со 4:0, а Пјаниќ доби шанса на крајот на играта. Јасно е дека тој сè уште не е во најдобра форма затоа што пропушти поголем дел од подготовките поради коронавирусот, но полека оди кон своето ниво.
Пјаниќ по овој натпревар се најде во центарот на вниманието затоа што стана само 14-от фудбалер во светот кој имал можност да игра во ист тим со Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Тој играше со Роналдо две години во Јувентус, а сега има шанса да ја предводи Барса до нови успеси со Меси. Пред него, само 13 играчи имаа шанса да играат со Меси и Роналдо во нивните кариери.
Ваква привилегија покрај Пјаниќ имаа Фернандо Гаго, Габриел Хајнце, Џерард Пике, Андре Гомеш, Анхел Ди Марија, Карлос Тевез, Пауло Дибала, Гонзало Игуаин, Хенрик Ларсон, Нелсон Семедо, Езекиел Гарај, Деко и Мартин Касерес.