Владата на Италија ќе ја прекине Серија А!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Кориере дела сера“ објави дека италијанската Влада размислува да го прекине шампионатот во Серија А во период од две недели бидејќи почна да се зголемува бројката на позитивни на ковид-19 во италијанските тимови.

Вчера пристигна изненадувачка вест дека Џенова има 11 фудбалери кои се позтивни на корона, а уште тројца се дел од стручниот штаб. И за да биде уште полошо, дури шестмина играле во мечот против Наполи.

Овие два тима треба да се тестираат повторно пред следниот викенд, кога им се закажани дуелите против Торино, односно Јувентус.

Ова воопшто не е добро за италијанските клубови, кои штотуку ја почнаа лигата, а во овие два тима играат и македонските репрезентативци Елиф Елмас и Горан Пандев.