„Елмас ќе постигне повеќе голови со новата тактика на Гатузо“

Македонскиот селектор Игор Ангеловски даде изјава за италијанското радио „Кис Кис“ во која зборувашѓе за настапот на Елиф Елмас против Џенова.

Елмас влезе во игра во 22. минута и одигра добар меч, односно успеа да постигне еден погодок за тимот на Џенаро Гатузо.

„По мечот со Џенова, јас разговарав со Елмас и му честитав за настапот. Кога ќе победите со 6-0 значи дека сите играле добро, но јас сум задоволен од Елиф. Тој е среќен што Гатузо игра во формација 4-3-2-1, а токму со таква стратегија Елмас може да постигне повеќе голови“, вели Ангеловски за „Кис Кис“.