Неславно деби за Регуилон во Тотенхем: Аспиликуета го прати „по бурек“, Вернер погоди за 1:0 (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Челси дојде до водство на натпреварот против Тотенхем кој се игра на „Вајт Харт Лејн“ во рамките од Карабао Купот.

Стрелец на погодокот беше Тимо Вернер кој од дистанца го совлада Хуго Лори, а на голот му претходеше грешката на новото засилување на Тотенхем, Серхио Регуилон.

Регуилон прво погреши на средината на теренот, топката стигна до Аспиликуета, а кога требаше новиот играч на Тотенхем истата да ја одземе, Аспиликуета со одлична финта го исфрли од игра и му асистираше на Вернер.