Клубовите од Манчестер убедливи во Лига купот, Евертон го растури Вест Хем

По денешниот ден познати се уште четири патници во четвртфиналето од англискиот Лига Куп.

Њукасл по пенали го победи Њупорт и обезбеди пласман во четвртфиналето, а потоа следуваа нешто барем на хартија повозбудливи натпревари.

Манчестер Јунајтед во реприза од претходното коло од  Премиер лигата, славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Брајтон на „Амекс“.

Манчестер Сити со ист резултат славеше кај Барнли, додека Евертон уште еднаш покажа сила и го совлада Вест Хем со 3:1.