Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Баерн Минхен го освоија Суперкупот на Германија откако го совладаа тимот на Борусија Дортмунд со 3:2.
„Баварците“ навестија уште еден доминантен натпревар затоа што по половина час водеа со 2:0. Стрелци на головите беа Толисо и Милер.
Сепак, „милионерите“ не се предаваа и до полувремето намалија на 2:1 со голот на Жулијан Брандт.
Потоа во 55. минута Ерлинг Халанд го израмни резултатот на 2:2 и овој резутлат траеше до самиот финиш на средбата.
Во 82. минута одличен гол постигна Џошуа Кимих со кој го однесе Баерн Минхен на тронот и во Суперкупот.