Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Американскиот фудбалер Сержињо Дест денеска пристигна во Барселона и го засили каталонскиот гигант, иако за неговиот потпис беше заинтересиран и Баерн Минхен.
Барселона за услугите на Дест му плати 20 милиони евра на Ајакс, а американскиот фудбалер потпиша петгодишен договор со каталонскиот гигант.
„Решив да потпишам за Барселона затоа што имаат тренер од Холандија, па имав претчуство дека ќе играм повеќе бидејќи останаа и без еден лев бек. Куман знае како играм и ми верува. Не дојдов поради Меси, но убаво е да се игра со него“, кажа Дест.
Agreement with Ajax for transfer of @sergino_dest!#DE2TCuler
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 1, 2020