Ѓоковиќ искрен: Треба да ги укинеме линиските судии за да не се повтори тоа од Њујорк!

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ на импресивен начин ја заврши првата недела на Ролан Гарос.

Србинот вчера избори пласман во осминафиналето, откако славеше против Даниеле Галан Риверос со 6-0, 6-3 и 6-2.

Многу тенисери на Ролан Гарос се жалеа на одлуките на судиите. На снимките на „око соколово“ во многу случаи можеше да се забележи како судиите носат грешни одлуки, а неправдата ја доживеа и Србинот.

„Со моја голема почит кон традицијата и културата на спортот не гледам зошто овој турнир не ја користи технологијата како секој друг. Технологијата е напредна, нема причина да имаме линиски судии на теренот. Тоа е мое мислење“, вели Ѓоковиќ.