Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Кариерата на Еден Азар во дресот на Реал Мадрид не почна како што замислуваа сите, а наскоро истата би можела да заврши неславно, зашто шпанскиот тим работи на негова продажба и најде заинтересиран клуб за неговите услуги.
Белгиецот во дресот на „кралевите“ постигна само еден гол, а поради повредите често беше надвор од терените.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал планира да го продаде или да го искористи во трампа. Нивната идеја е да тргнат по потписот на Килијан Мбапе следното лето, а ќе го понудат и Белгиецот во договорот за да ја намалат цената на младиот француски напаѓач.
Реал летово се ослободи и од Герет Бејл и Хамес Родригез, кои имаа големи плати, па така се ослободи буџетот на шпанскиот гигант.