Зошто новиот фудбалер на Арсенал не го носи презимето на дресот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во последните моменти од преодниот рок Арсенал успеа да го договори Томас Парти, кој го засили премиерлигашот и се очекува многу од него сезонава.

Фудбалерот од Гана веќе го избра дресот со број 18, а на него наместо презимето Парти, пишува Томас.

Новинарите ги интересираше зошто Парти реши да направи таков потег, односно да не го носи неговото презиме.

„Ја почнав кариерата со Томас на дресот и луѓето го знаат тоа, па само решив и тука да го имам името на мојот дрес“, кажа Парти.

Парти претходно играше пет години за Атлетико Мадрид, а пред тоа настапуваше за Мајорка и Алмерија.