Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Косовскиот новинар, Агим Касаполи откри дека репрезентативците на Косово биле вмешани во голем инцидент, односно се истепале меѓу себе.
Очигледно тешко им паднале поразите од Македонија со 1-2 и Словенија од 0-1, па косовците направиле хаос во соблекувалната.
Наводно, Валон Бериша и Едон Жергова имале жестока расправија, по што се степале, а безобразно се однесувал и Арбер Зенели.
Оваа тројка не се појави на мечот против Грција, а тоа е јасен знак дека нешто навистина се случило меѓу косовските репрезентативци.
Касаполи тврди дека косовците се разочарале по елиминацијата од Македонија, по што нервозата ја истуриле меѓу себе.