Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пауло Дибала уште чека на првите минути во новата сезона, а шанса не доби ниту во мечот против Кротоне. Аргентинецот се загреваше во второто полувреме, но тренерот Андреа Пирло не го пушти во игра.
Откако заврши натпреварот, на пат кон соблекувалната Дибала направил мал скандал затоа што на директорот Фабио Паратичи му дофрлил бидејќи не добил шанса на теренот.
На прес-конференцијата по мечот Пирло ја замолче својата ѕвезда со објаснување зошто фудбалерот не добил минутажа.
„Во петокот тренираше само десет минути, се врати од репрезентативниот собир. Ова не беше идеален натпревар за него да игра затоа што имавме и фудбалер помалку“, кажа Пирло.