Артета разочаран од судењето на „Итихад“: Им требаа само две секунди…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Арсенал го запиша седмиот пораз по ред во лигата од Манчестер сити, откако „граѓаните“ победија на домашен терен со 1-0.

Микел Артета по мечот беше разочаран поради одлуките на судиите, посебно од тие во финишот на првото полувреме по дуелот на Кајл Вокер.

„Ја погледнав ситуацијата со недосудениот пенал. Само барам од судиите да ја погледнам снимката зашто мислам дека не го направија тоа. Потребни им беа само две секунди за да погледнам. Разочаран сум и од промашените шанси. Имавме три-четири големи можности кои требаше да ги искористиме“, вели Шпанецот.