Венгер му одговори на Мурињо и му докажа дека лаже: Доста! Се однесуваш како во градинка!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жозе Мурињо минатата недела го провоцираше Арсен Венгер, а Французинот му одговори на интересен начин.

Поранешниот тренер на Арсенал му одговори на актуелниот стратег на Тотенхем, откако тој го провоцираше.

Мурињо на прес-конференцијата минатата недела кажа дека неговото име ниту еднаш не се споменува во автобиографијата на Венгер.

Тој тогаш имаше коментар во свој стил, а сега Венгер имаше што да му каже на тоа.

„Не ме интересира. Тоа е постојано провоцирање. Се чувстгвувам како да сум во градинка со него. Но, тоа е дел од неговата личност. Го победивме двапати. Имаше и многу нерешени резултати“, кажа Венгер за медиумите.