Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер кажа дека имал понуда од Манчестер јунајтед, но без многу размислување ја одбил.
Венгер дури 22 години беше на чело на клубот од Лондон, по што добил понуда да го наследи Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“, но тоа не се случи.
„Од Манчестер Сити никогаш никој не ме побара, но затоа ме побараа од Манчестер Јунајтед. Не можам да ви кажам кога беше точно, но знам дека ги одбив. Не бев заинтересиран затоа што работев во Арсенал. Знаете, имав љубовна приказна со Арсенал. Мојот живот е црвено-бел. Кога дојдов во Арсенал почувствував дека тој има посебен шарм. Тоа беше добар микс на почитување на традицијата и луѓето. Затоа и не сакав да работам во друг клуб“, изави Венгер.