„Флорентино Перез со години работи на проектот наречен – европска Суперлига!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига, Хабиер Тебас е против создавање на европска Суперлига, во која планира да игра Барселона.

Тоа завчера го потврди поранешниот претседател на Каталонците, Жозеп Марија Бартомеу на прес-конференцијата.

Интересно е тоа што Тебас смета дека зад таа одлука на врвот на Барселона стои првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Суперлигата е сон на претседателот на Реал, кој работи на проектот веќе долги години. Тоа не се нови вести, но голема грешка е тоа што никој не ги разбира финансиските последици кои ќе ги имаат тимовите“, кажа Тебас.

Тебас смета дека тоа ќе создаде големи економски штети на организаторите и тие кои го финансираат натпреварувањето.