Манчестер јунајтед потврди дека најновото засилување „закачило“ ковид-19!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Алекс Телес, е позитивен на ковид-19. Тој на почетокот на месецот стигна во премиерлигашот, но синоќа не настапи против Лајпциг.

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер соопшти дека Телес бил позитивен на вирусот и поради тоа не се појави на натпреварот.

„Тестот му беше позитивен и тој е надвор од екипата веќе неколку дена. Нема симптоми и веруваме дека наскоро ќе се врати во акција“, вели Солскјер.

Телес одигра само еден меч во дресот на Манчестер јунајтед, и тоа на гостувањето кај ПСЖ во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.