Кристијано Роналдо вчера глумеше – Терминатор! ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо по пауза од три недели затоа што беше заразен со ковид-19, се врати на фудбалските терени и тоа со два гола во победата од 4-1 против Специја.

Португалецот по натпреварот беше среќен поради неговите два гола и испрати порака до навивачите на „Старата дама“.

„Кристијано се врати, тоа е најважно“, кажа Роналдо по натпреварот, а тоа го направи во стилот на популарниот актер Арнолд Шварценегер во филмот „Терминатор“, кога изговара дека ќе се врати.

Во продолжение на видеото може да погледнете како изгледаше неговата изјава.