Сите ја видоа топката во гол, само не и Кејн: Промашување на кариерата на Англичанецот ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тотенхем на домашен терен триумфираше со 2-1 против Брајтон во мечот од седмото коло од англиската Премиерлига.

Тотенхем успеа да поведе во 13. минута кога Хари Кејн погоди од пенал, но на почетокот на второто полувреме Брајтон израмни на 1-1, а гол постигна Лампти.

Лондонскиот тим тргна по победата, а неверојатна шанса во 71. минута имаше Кејн, кој успеа да не ја затресе мрежата од само неколку метри.

По корнерот на Тотенхем, топката стигна до Кејн, кој од мала далечина успеа да погоди само статива, иако многумина веќе ја видоа топката во мрежата на Брајтон.

Сепак, за среќа на Кејн, само две минути подоцна Герет Бејл погоди за 2-1.