Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел се соочува со големи проблеми пред дуелот со германски Лајпциг во третото коло од елитната Лига на шампиони (ЛШ).
Францускиот клуб на својата официјална страна објави дека овој дуел ќе го пропушти и Килијан Мбапе кој заработил повреда на гости кај Нант.
Мбапе на тој натпревар асистираше за првиот и го постигна вториот гол во победата од 0:3, а од игра излезе во 74. минута. Од ПСЖ известија дека состојбата со Мбапе повторно детално ќе се провери за два дена.
Освен Мбапе, тренерот на ПСЖ поради повреди не може да смета на Нејмар, Верати и Икарди.