Лацио под истрага: Клубот од Рим може да биде исфрлен од Серија А?!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Италија почна истрага против Лацио поради сомнеж дека тие го прекршиле здравствениот протокол, а екипата од Рим би можела поради тоа да биде исфрлена и од Серија А.

„Газета дело Спорт“ објави дека Фудбалскиот сојуз на Италија интервенирал пред мечот на Лацио против Зенит Санкт Петербург, а сега е отворена истрага за целиот случај.

Кршењето на протоколот се однесува на случаите на Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Стракоша, кои добија забрана од УЕФА да патуваат во Русија, а не беа на располагање ниту на мечот против Клуб Бриж.

Негативните тестови им дозволија да играат против Торино во Серија А, а Имобиле постигна гол на таа средба.

Казната која може да ја добие Лацио зависи од висината на прекршувањето, па може да биде од парична до исфрлувње во понизок ранг.