Елмас имал порака за Велковски пред натпреварот: Ќе ве победиме!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наполи денеска гостува кај Риека во рамки на третото коло од Лига Европа, а мечот ќе го одбележат македонските репрезентативци Елиф Елмас и Дарко Велковски.

Елмас игра во екипата на Наполи и пред натпреварот излезе на прес-конференција со тренерот Џенаро Гатузо, па порача дека е подготвен да заигра на теренот и да го победат тимот на Риека.

„Одлично се чувствувам и спремен сум да настапам. Поминаа десет дена во кои немав никакви спорткси активностим бев во изолација сега сум подготовен да помогнам на тимот. Се слушнав со Велковски со кого играм во репрезентацијата и му порачав дека ќе ги победиме“, кажа Елмас.

Риека и Наполи денеска ќе се пресметаат од 18.55 часот.