Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер кажа дека одбраната на неговата екипа во натпреварот против Башакшехир не може да се прости и ги отфрли шпекулациите дека ќе добие отказ поради лошите резултати.
Јунајтед синоќа загуби на гостувањето кај турскиот тим со 1-2 во мечот од третото коло во елитната Лига на шампиони.
„Играта не беше доволно добра против тимот, кој трчаше и работеше. Тие постигнаа голови како што некогашсе случува во Европа кога не се браните доволно добро. Прво, заборавивме на фудбалерите и тоа не може да се прости, а потоа не ги организиравме контра-нападите“, вели Солскјер.
Солскјер кажа дека шпекулациите за негов отказ се глупост и дека ќе остане на кормилото на премиерлигашот и во иднина.