Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид планира во следниот период да се засили со едни од најголемите ѕвезди во светот, а меѓу нив се наоѓа Килијан Мбапе. Но, на листата има место и за Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, за кого веќе преговарале со неговиот агент Мино Рајола.
Халанд, по одличната полусезона во Ред Бул Салцбург, се пресели во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра и потпиша четиригодишен договор со нив, но најверојатно нема да остане толку долго во тимот.
Веќе некое време се шпекулира дека Халанд има намера да се пресели во поголем клуб, а за него интерес покажаа многу гиганти, меѓу кои е Реал Мадрид.
Шпански „АС“ објави дека неговиот агент Мино Рајола во тајност се договорил со управата на Дортмунд за трансфер на младиот фудбалер во 2022 година.
Карим Бензема има договор до 2022 годинна, а Халанд го гледаат како идеална замена за Французинот, кој тогаш ќе има 34 години и тешко дека „кралевите“ ќе му понудат подолг договор.