Солскјер сите го отпишаа од „Олд Трафорд“, а тој им тера инает!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за својата иднина во медиумите, но не го интересираа шпекулациите дека наскоро ќе добие отказ.

Клубот од „Олд Трафорд“ во моментов се наоѓа на 15. место во Премиерлигата со само седум освоени бодови од првите шест дуели. Во Лигата на шампиони Јунајтед освои шест бодови во три кола, но во претходниот дуел екипата од Манчестер беше поразена во истанбул од Башакшехир.

„Имав позитивен разговор со клубот и ние создадовме планови. Го посадивме семето, а дрвото расте. Планираме соработка на долг план. Секако, сакаме и резултати што е можно побрзо, но важно е да соработуваме на долг план. Не може да реагираме бурно по еден или два лоши резултати“, вели Солскјер.