Историски пораз и многу пенали: Зидан се јави по дебаклот против Валенсија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека е виновен за поразот од Валенсија од 1-4 во Ла Лига.

Тимот од Мадрид играше лошо, и покрај тоа што првпат во историјата против нив се свирени три пенали.

„Не сакам да го коментирам ВАР или судењето. Не зборувам за нив ништо. Нема изговор за резултатот. Се распаднавме по првиот гол. Валенсија не беше тактички добра, јас сум виновен и морам да пронајдам решение за лошите резултати. По голот паднавме со концентрација, а се промени и динамиката на натпреварот“, кажа Зидан.

Зидан вели дека е тешко да се разбере нивната игра на теренот, но ќе се обиде да ги подобри резултатите.

„Тешко е да се разбере нашата игра, но ги избрав тие 11 фудбалери затоа што тие се играчи на Реал Мадрид и верувам во секој од нив“, кажа Французинот.