Дарбо од Шкупи е неверојатен, па доби шанса да игра против Обамејанг!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дембо Дарбо од Шкупи игра одлично сезонава во македонската прва лига и зад своето име веќе има 10 голови.

Одличните настапи во дресот на Шкупи на Дарбо му донесоа и повик во репрезентацијата на Гамбија за која до сега 22 годишниот фудбалер нема настап.

Ова е само показател дека Дарбо игра фантастично, а во Гамбија ќе игра заедно со уште неколку фудбалери кои настапуваат во Серија А како Омар и Ебрима Коли кои се дел од Сампдорија и Верона, но и Муса Бароу од Болоња.

Гамбија во овој ноемврски циклус ќе игра против Габон каде што настапува ѕвездата на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг.

Инаку, со тие 10 гола Дарбо е лидер помеѓу стрелците во ПМФЛ заедно со Бесарт Ибраими.

Фото: (Дарбо) ФК Шкупи