Јувентус ќе го продаде Роналдо на лето, а познато е и во кој клуб!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Јувентус сака да го продаде Кристијано Роналдо на крајот на сезоната. Тој има договор со шампионот до 2022 година, но сепак нема да го одработи до крај.

„Газета дело Спорт“ вчера објави дека управата на Јувентус не сака Роналдо да си замине бесплатно, па поради тоа имаат намера да го продадат.

Португалецот разговарал со управата и јасна му е неговата одлука. Тој за неколку месеци го слави својот 36. роденден и поради тоа во Јувентус сакаат да ја искористат последната шанса за да заработат пари од неговиот трансфер.

„Старата дама“ за неговиот трансфер ќе бара околу 100 милиони евра, а новата дестинација би можела да биде ПСЖ или Манчестер јунајтед, кои будно ја следат сиутацијата околу Роналдо.