Се јави еден од кандидати: Имаме пари да го купиме Роналдо!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо ќе се раздели со Јувентус, а спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кажа дека шампионот на Франција има пари за португалската ѕвезда.

Јувентус наводно планира да го продаде Роналдо следното лето бидејќи неговиот договор завршува во 2022 година, а притоа немаат намера да му понудат повисока плата.

„Во фудбалот не знаете што може да се случи. Можеби Роналдо утре ќе стане и ќе каже дека сака да игра на друго место. Кој може да го купи? Тоа е мал клуб на тимови, а ПСЖ е еден од нив. Ние мора да се подготвиме за преодниот рок и тоа го правиме. Имаме свои приоритети, но може и нешто непредвидливо да се случи“, кажа Леонардо.

Леонардо кажа дека пандемијата предизвикала финансиски загуби, но тие имаат доволно големи капацитети за да се изборат со кризата.