Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо најверојатно ќе замине од италијанскиот шампион на крајот на сезоната, а веќе се води борба за неговиот потпис.
Најпрво се јавија од ПСЖ, каде што спортскиот директор Леонардо призна дека имаат пари за да го купат Португалецот доколку посакаат, а денеска се појави шпекулација дека Роналдо би можел да се врати во поранешниот клуб, односно Манчестер јунајтед.
Јувентус следното лето ќе бара 100 милиони евра за потписот на Роналдо, па постои голема веројатност Јунајтед да тргне по неговиот потпис.
„Старата дама“ има проблем со неговата висока плата, која изнесува 31 милион евра и нема намера да му понуди повеќе пари за да го задржи и по 2022 година.
ULTIMO MOMENTO: nuestras fuentes en Manchester y en Oporto nos confirman que Manchester United tentó a Cristiano Ronaldo con un regreso al club para la próxima temporada. El portugués lo analiza. Juventus lo negociaria si él lo pide. pic.twitter.com/NDTVkAYCcF
— Christian Martin (@askomartin) November 10, 2020