Владата на Македонија им честиташе на фудбалерите со по 10.000 евра!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија испиша историја, репрезентативците изборија пласман на Европското првенство за првпат во овие 30 години и ја израдуваа македонскат ајавност.

Владата на Македонија одржа седница по победата на Македонија во Тбилиси со 1-0, и реши да ги награди македонските репрезентативци со по 10.000 евра.

„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, напиша премиерот Зоран Заев.